На Родриго му „пукна филмот“: На Реал му служам само како „пополнувач на дупки“!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго конечно јавно го истакна незадоволството од својот статус во клубот. Веќе не го крие своето размислување дека Карло Анчелоти главно го користи за да ги пополни позициите каде нема подобро решение во тој момент.

„Често ги пополнував ‘дупките’ во нападот. Ако нема никој, ајде Родриго нека игра тука. Недостасува некој десно? Родриго. Недостасува некој на број 9? Родриго нека игра тука. Се разбира дека понекогаш тоа ми смета, но јас сум тимски играч“ – вели Бразилецот.

Неговото име го нема меѓу номинираните за Златната топка оваа година, иако многу љубители на фудбалот мислам дека дефинитивно му е местото меѓу 30 најдобри на светот.

„Ме вознемири тоа. Сметам дека заслужив да бидам номиниран. Не сакам да ги обезвреднувам играчите кои се на листата, но мислам дека имам место меѓу 30 номинирани. Но, ништо не можам да направам околу тоа. Не сум тој кој одлучува“ – вели Родриго.

Се вчитува...