Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати доби забрана да се натпреварува до крајот од 2018 година поради скандалот кој го предизвика повлекувајќи ја кочницата на ривал кој се движеше со брзина од 217 километри на час. Инцидентот се случи за време на трката од Мото 2 шампионатот во Сан Марино.
Светската мотоциклистичка федерација му изрече суспензија која важи до крајот на оваа година, но тешко дека Фенати воопшто ќе се натпреварува со оглед дека тимот Маринели му го прекина договорот, а Форвард Рејсинг му го откажа договoрот за следната година.
Тој првично бше суспендиран на две трки, а многу мотоциклисти повикаа да добие доживотна суспензија.
Со оваа одлука на Фенати му е повлечена лиценцата за возење. За нова ќе може да аплицира дополнително по истекувањето на казната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА