Ливерпул и Евертон ремизираа 1-1 во големото градско дерби на „Енфилд роуд“, дуел на кој на Вејн Руни му се исполни желбата во дресот на „карамелите“ да му постигне гол на лутиот ривал.
Ливерпул целосно ја заслужи победата со оглед на тоталната доминација, но „сините“ стигнаа до бод со пеналот на Руни, по сомнителниот старт на Дејан Ловрен. Салах со еврогол ги доведе домаќините во водство, а Ливерпул при 1-0 не реализираше неколку зицер преку Мане и Салах.
Казната стигна на десетина минути до крајот со погодокот на Руни, по што избраниците на Јирген Клоп и покрај бројните шанси не успеаја да постигнат втор гол, па на крајот мораа да се задоволат само со еден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА