Во допинг аферата со руските спортисти се уште се откриваат нови случаи. Русија остана без уште два олимписки медали од ЗОИ 2014 во Сочи откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги прогласи за виновни четворица руски натпреварувачи во скијачко трчање, поради допинг, објави агенцијата Р-Спорт.
Претседателката на Рускиот сојуз за скијачко трчање, Елена Валбе, потврди дека скијачите Максим Вилегзанин, Алексеј Петхуков, Евгенија Шаповалова и Јулија Иванова се дисквалификаувани, а нивните резултати се поништени поради употреба на допинг.
Вилегзанин на ЗОИ во Сочи освои две сребрени медали – на 50 км и во штафетата 4 х 10.000 метри. Петков не освои медла во Сочи, но на ЗОИ во Ванкувер освои бронза, додека Шаповалова и Иванова немаат освоено медали на ОИ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА