Трансферот на Филипе Кутињо во Барселона е се поблиску до реализација, а шпанските медиуми го најавија и бројот кој ќе го носи Бразилецот во својот нов клуб. На една од најголемите трансфер саги полека му доаѓа крајот, Кутињо треба да ја засили Барселона за сума од околу 150 милиони евра.
Имено, Кутињо се одлучил за бројот „7“, кој засега е во сопственост на Арда Туран, но знаејќи дека Турчинот со сигурност ќе го напушти „Камп Ноу“ во овој преоден рок, „седумката“ останува слободна за новото најскапо засилување на каталонскиот гигант. Кутињо го носеше бројот „7“ во Интер, па од таму и одлуката повторно да го носи на грбот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА