На сагата и нема крај: Хезоња може да замине од Реал Мадрид и покрај новиот договор

Се чинеше дека на една долга летна кошаркарска сага и дојде крај откако хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кој изминатите денови се поврзуваше со Барселона, Панатинаикос и Партизан го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Сепак тоа не е случајот бидејќи 29-годишниот Хрват во новиот договор со шпанскиот клуб има и клаузула која може да му донесе промена на средината. Тоа ќе се случи само доколку тој се врати назад во НБА лигата.

А, пак шансите за такво нешто воопшто не се мали бидејќи по добрите настапи на европско тло за Панатинаикос, Уникс Казањ и Реал Мадрид за него постои сериозен интерес од повеќе НБА тимови, откриваат шпанските медиуми.

Хезоња кој беше одбран како петти пик на драфтот во 2015 година беше дел од НБА лигата цели пет сезони настапувајќи за Орландо, Њурјок и Портланд.

Се вчитува...