Арсенал се наоѓа во очајна форма. По 11 одиграни средби во Премиер лигата, „топчиите“ се наоѓаат на 15. место на табелата со само 13 освоени бодови, а згора на тоа имаат и играч кој секој натпревар седи на клупа или трибина, а прима огромна плата од 350,000 фунти неделно.
На тимот од Лондон ќе му треба време да ги реши проблемите, но добра вест за Артета е дека најплатениот играч на тимот, Месут Озил е пред излезни врати. Како што изјави Мурат Зорлу, еден од членовите на управата на Фенербахче, Германецот со турско потекло е портите на тимот од Истанбул и веќе во јануарскиот трансфер рок ќе го напушти главниот град на Англија.
На 32-годишниот офанзивен играч за врска му преостануваат уште шест месеци од договорот, а единствената сума која Арсенал ќе ја заработи за играчот кој беше платен 50 милиони евра во 2013 година е намалувањето на трошоците на половина од платата, доколку Германецот се пресели во редовите на турскиот клуб.
Озил минатото лето одби да си замине од „Емирати“, поради што на стартот од сезонава е целосно изолиран и не се наоѓа ниту на клупата за резерви на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

