„На секој му треба Лука Модриќ во животот“

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ против Вилјареал го одигра најдобриот натпревар сезонава. 38-годишникот беше дел од стартната постава, а довербата на тренерот Карло Анчелоти ја награди со гол и асистенција.

По натпреварот „кралскиот клуб“ му посвети објава на социјалните мрежи каде сподели две слики од него и истата ја наслови „Веќе кажавме, но ќе повториме… На секој му треба Лука Модриќ во животот“.

Модриќ е дел од Реал Мадрид од 2012 година и со тимот освои се што можеше да се освои. Оваа сезона не е во прв план, но и на 38-годишна возраст докажува дека за него има место во тим како шпанскиот гигант.

Се вчитува...