Американската тенисерка Серена Вилијамс неодамна ја објави радосната вест за својата свршувачка со косопственикот на „Редит“, меѓутоа на тениски план не и тргна најдобро во 2017 година. Таа е елиминирана во четвртфиналето на турнирот во Оукленд од својата сонародничка Медисон Бренгл, која е на 72.место на ВТА – листата, со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-4). Серена Вилијамс на овој меч направи дури 88 неизнудени грешки.
„Воопшто не беше добро. Не можев да фатам вистински ритам и грешев екстремно многу. Тоа значи дека треба да се вратам на тренинзите и напорно да работам“, изјави Серена Вилијамс.
Турнирот во Оукленд го напушти и нејзината сестра Венус Вилијамс, која поради повреда на раката се повлече во второто коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА