Камил Шипжак во изминатиов период се споменуваше како едно од потенцијалните засилувања во Вардар за следната сезона. Полскиот пикер сезонава нема голема минутажа во Барселона и најави дека во јуни кога му истекува договорот сигурно си заминува од каталонскиот гигант.
Но, според неговата најнова изјава во полските медиуми, многу е извесно дека Скопје нема да биде неговата следна дестинација. За полскиот двометраш на линијата заинтересирани се и ланските финалисти на Ф4 во Лигата на шампионите, Монпелје и Нант, а тој не крие дека повеќе преферира да игра во Франција.
„Јас сум поблиску до француската лига. Германската лига, се разбира е најдобра во светот, но натпреварите во Франција од ден во ден стануваат се подобри“ – вели Камил Шипжак најавувајќи каде ќе биде неговата следна дестинација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА