На Шкендија и даваат најмали шанси од сите екипи за пласман во плеј-офот во ЛШ (ФОТО)

Тетовска Шкендија има предизвик пред себе која се нарекува Карабах во третото коло во Лигата на шампионите. Прогнозите велат дека тетовскиот тим има најмали шанси, односно само 15% да се пласира во плеј-офот во најелитното европско натпреварување, додека Карабах има најголеми, односно 85%.

Факт е дека Карабах е фаворит, но исто така Шкендија против ФЦСБ покажа дека не секогаш победуваат фаворитите. И на тој меч македонскиот првак беше аутсајдер, па го исфрли романскиот шампион со вкупни 3-1.

Со тоа избраниците на Јетон Беќири си осигураа сигурен пласман во групната фаза во Лигата на Конференции, но утре во првиот меч ќе се борат за нешто повеќе, односно за пласман во Лигата на шампионите, а ако не успеат, тогаш ќе играат во плеј-офот во Лигата на Европа со поразениот од дуелот Ференцарош – Лудогорец.

На денешната прес конференција од Шкендија јавија дека не чувствуваат никаков притисок, и дека тоа може да биде дополнително олеснување пред двомечот со тимот од Азербејџан. Првиот меч се игра утре во 20:00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...