На шпанска новинарка и се закануваат со силување поради прашање за Винисиус

Шпанската новинарка Марија Моран информираше на својот Твитер профил дека добива гнасни закани и навреди само поради поставено прашање на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

И се закануваат со силување и навреди кон нејзината 18-месечна ќерка само затоа што прашала ‘дали еден црвен картон би го смирил Винисиус јуниор и би го спречил постојано да негодува кон судиите?’.

Тренерот на Реал на тоа прашање одговори дека нема потреба од исклучување за да подразмисли, и дека жолтите картони се доволно опомена за тоа.

Но, по нејзиното прашање следеше лавина негативни коментари на социјалните мрежи од кои Моран ги истакна оние со најгнасна содржина за себе и за своето дете.

Се вчитува...