Шпанија вечерва гостува во Норвешка во обид да ја забележи и седмата победа во низа во квалификациската група за ЕВРО 2020. Ова е јубилејна 700. средба во историјата на „црвената фурија“ долга 99 години, а токму овој натпревар е прв по еден интересен статистички погодок.
Имено, селекторот Морено се реши во првиот тим да вклучи фудбалери кои на клупски план настапуваат за 11 различни екипи, нешто што досега се нема случено во земјата од каде доаѓаат Реал Мадрид и Барселона.
Шпанија дуелот во Осло го стартуваше со следните единаесетмина: Кепа (Челси), Бернат (ПСЖ), Навас (Севилја), Албиол (Вилјареал), Рамос (Реал Мадрид), Саул (Атлетико Мадрид), Бускетс (Барселона), Руиз (Наполи), Себалјос (Арсенал), Ојарзабал (Реал Сосиедад) и Родриго (Валенсија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА