На што да внимавате при купување на половен автомобил

Купувањето на автомобил е сон на секој кој сака да има нешто што би донело возбуда и ефикасност во секојдневието. Сепак, секогаш постојат ризици во донесувањето на правилна одлука, имајќи ги во предвид бројните понуди на автомобили. Тие ризици имаат мал фактор на зголемување, кога некој бара половен автомобил, и затоа постојат неколку насоки за намалување на можноста некој да купи користен автомобил, кој повлекува повеќе трошоци за поправка, или не е доволно безбеден и издржлив.

406762077

Најголемите ризици за купување на половен автомобил доаѓаат од дистрибутерите или приватните лица кои не ги снабдуваат заинтересираните со сервисна историја на возилото. Во последните неколку години можноста за поединечни ризици доаѓа од бугарскиот пазар каде што најголемиот број на автомобили кои се нудат се промовираат единствено на начин кој би ги заинтересирал потенцијалните купувачи наместо да ги информира. Во Македонија постојат дистрибутери кои половните возила кои ги нудат ги купуваат од официјални претставништва од најдобрите пазари за автомобили, а тоа се Германија, Франција и Италија. Најважни за посетување се дистрибутерите кои возилата од овие држави ги земаат од официјални и високо професионални проценители и кои поради тоа можат да дадат одговори на најважните прашања.

defekt

При купувањето на секој продукт, купувачот би требало да го знае квалитетот и вредноста на продуктот и да има претпоставка за долготрајноста на користењето и трошоците кои би ги имал за нормално користење на продуктот. Кај возилата основна информација за горенаведеното се пред сè изминатите километри кои тоа возило ги има поминато. Тоа најдобро може да се дознае од сервисната историја на возилот. Најдобри аргументи за тоа колку возилото е квалитетно или дали е доволно квалитетно за цената за која се продава е присуството или отсуството на квалитетни и веродостојни информации за техничката состојба на возилото и можноста продавачот да гарантира за квалитетот со формална и документирана гаранција за возилото. Други информации кои можат да придонесат кон осознавање на квалитетот на возилото се информациите од типот дали возилото има еден или повеќе сопственици и дали е користено за приватни или службени потреби. Возењето за службени потреби, во земјите од ЕУ, најчесто се одвива преку изнајмување на возила од лизинг компании, рентални компании или пак други друштва за логистичка подршка. Ваквите возила најчесто имаат квалитетна и достапна информација за и околу одржувањето на возилата, бидејќи самите компании водат сметка и контрола возилото кое е управувано од корисниците на нивните услуги, да биде во беспрекорна состојба. На тој начин му се зголемува вредноста на истото при продажба и се гарантира безбедност и квалитет на управување.

Сè што е погоре наведено дава информација и сугерира колкава би била долготрајноста на возилото и колкав износ на дополнителни трошоци за одржување би требало да се издвојат, за нормално и непречено управување со истото. Отсуството на овие информации остава голема можност за експоненцијално зголемување на трошоците за одржување со текот на неговото експлоатирање.

Тоа што треба да се дознае од овластените дистрибутери е дали постои можност да се добие гаранција за возилото и дали може повторно да се купи назад, што отвора повеќе можности при незадоволство од самото возило.

logo

Еден официјален мулти-бренд аутлет за половни возила во Македонија, кој нуди одлични можности и информации е (ОМО – Olympia Motors Outlet). Во OMO секој може да направи избор од тековните половни автомобили кои се нудат и да се распраша за секој детаљ околу нив, за да ја донесе најинформираната можна одлука. Воедно, во нивниот салон може да се изврши посебна нарачка на одреден модел. 80% од автомобилите се увезуваат од странски пазар, од Германија и Франција, со цел да се обезбеди поголем квалитет и сигурност на самите автомобили. Можете да го одберете Вашиот модел на официјалните страни на Olympia Motors Outlet,

 

Се вчитува...