На што се е подготвен Мерцедес за да го задржи Луис Хамилтон

Шефот на Мерцедес, Тото Волф е подготвен да ја продаде тимската фабрика за да го задржи Луис Хамилтон. Ова на шега го вели Волф на прашањата на вредноста на договорот на Хамилтон од 40 милиони фунти годишно. На Британецот актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната, но извесно е дека соработката ќе биде продолжена за рекордна сума.

„Тоа е огромна сума. Ќе мора да продаваме работи. Најмалку ќе треба да продадеме дел од зградата за да ги собереме парите“ – се пошегува Волф по историската победа на Хамилтон во Португалија.

Луис Хамилтон го надмина рекордот на Михаел Шумахер според бројот на Ф1 победи. Тој во Португалија дојде до триумфот број 92 и сега е на една победа пред германската легенда со можност да ја зголеми оваа бројка.

 

 

Се вчитува...