На Сити му се заканува голема казна – „Граѓаните“ може да бидат исфрлени од Премиер-лигата

Во претходните години Манчестер Сити не штедеше кога се засилувањата во прашање, а се чини дека сето тоа може скапо да го чини.

„Скај Спортс“ утрово објави дека челниците на Премиер-лигата откриле дека на „Етихад“ биле прекршени многу правила, а нивната истрага траела дури четири години и сега Сити може да биде остро казнет.

Одредени медиуми во Англија објавија дека на Манчестер Сити поради многубројните прекршени правила за финансиски фер-плеј, му се заканува дури и казна со одземање бодови во тековната сезона од Премиер-лигата, што би го исфрлило од борбата за титулата. Се зборува и за исфрлање на Сити од Премиер лигата, но многумина веруваат дека тоа нема да се случи.

Според првите информации, би можеле да им се одземат најмалку десет поени. Покрај тоа, тие најверојатно ќе бидат повторно суспендирани поради доведување и регистрирање на нови играчи во претстојните преодни рокови, а исто така се очекува да добијат висока парична казна.

Се вчитува...