На Сити му се заканува и исфрлање од Премиерлигата!?

Манчестер сити во септември го очекуваат судските сослушувања за дури 115 обвинениа во врска со кршењето на финанскиот фер-плеј.

Финансискиот фер-плеј, спротивно на очекуваното, досега најмалку грижа носеше на најбогатите клубови. Сепак, сега правдата би можела да го стигне Манчестер сити.

Англиски „Тајмс“ пренесува дека сослушувањето биле предвидено за ноември, но независната комисија проценила дека може да почне и во септември, доколку нема нови законски одложувања. Се проценува дека рочиштата ќе траат десет недели, по што ќе биде донесена одлуката на почетокот од 2025 година.

„Граѓаните“ се обвинети дека не давале точно финансиски детали, но и дека не соработувале за време на истрагата. Па, поради тоа, факт е дека е бурен период пред Манчестер сити, па доколку се донесе пресуда против нив тогаш клубот може да биде казнет и со исфрлање од Премиерлигата.

Се вчитува...