Манчестер сити стигна до лесна победа на домашен терен против Астон Вила (4-1) во последниот натпревар од денешната програма во 31. коло во англиската Премиерлига.
Иако Пеп Гвардиола овој меч го стартуваше без Ерлинг Халанд и Кевин де Брујне, тој го имаше Фил Фоуден кој постигна хет-трик.
Домаќините стигнаа до водство со 1-0 со голот на Родри во 11. минута. Гостите израмнија на 1-1 во 20. минута преку Дуран, по што на сцена стапи Фил Фоден. Прво Англичанецот, во судиското надополнување во првиот дел донесе ново водство за домаќините од 2-1. На 3-1 зголеми во 62. минута, додека конечните 4-1 ги постави во 69. минута.
Manchester City [2] – 1 Aston Villa – Phil Foden 45+1’ Freekick
byu/ganiganiu insoccer
Manchester City [3] – 1 Aston Villa – Phil Foden 62’
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА