На скапите засилувања на Челси од идната сезона драстично им се намалуваат платите?

На голем број играчи на Челси од идната сезона ќе им бидат намалени платите. Главно станува збор за играчите кои се дојдени за време на новиот сопственик Тод Боели. Откако Американецот го презеде клубот, клубот се засили со 12 фудбалери, а уште седум други потпишаа нови договори.

„Дејли Мејл“ тврди дека доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, платите на играчите ќе им се намалат на 30%, додека некои информации зборуваат дека ќе им се намалат за 50%.

Мирни може да бидат играчите кои се во клубот пред доаѓањето на Боели, или не потпишаа нови договори. Сигурно дека ќе ги задржат старите плати.

Челси моментално е 11. во Премиерлигата, и нема никакви шанси да обезбеди палсман во Лигата на шампионите. Клубот е во серија од седум меча без победа во сите натпреварувања.

Се вчитува...