На Скопје му се случи кошарка – фешта како во старите добри времиња (Фотогалерија)

МЗТ Скопје беше поразен од Партизан, но тоа беше очекуван исход на дуелот меѓу македонскиот тим што по неколку години пауза се врати во АБА1 и гигантот од Белград кој предводен од Жељко Обрадовиќ сезонава има квалитетен ростер со кој ќе атакува на титулата во АБА-лигата, но и ќе се бори за што подобар пласман во Евролигата.

Она што денеска импресионираше беше спектаклот на трибините, откако во „Јане Сандански“ се појавија две навивачки групи, кои максимално кокретни ги бодреа своите тимови.

На Скопје му се случи кошарка, после подолго време бевме сведоци на полна сала, врвна кошарка и топ-атмосфера, како во старите добри времиња. Нека биде вака почесто, бидејќи со полни трибини и позитивна атмосфера на трибини, ќе дојдат и победите на МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...