На Слот не му се доста 500 милиони евра, носи уште две ѕвезди во Ливерпул

Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул го искористи летниот преоден рок за бомбастични засилувања во вреднсот од 500 милиони евра од кои се очекуваше дека ќе направат вистински „бум“ во светот на фудбалот и со нова доминантна игра ќе конкурираат за сите трофеи во сезоната.

Но, реалноста е спортивна. Бројните проблеми во составот го „распарчија“ шампионот кој забележа осум порази на последните 11 одиграни натпревари од кои шест во Премиерлигата со што одбраната на трофејот стана „невозможна мисија“.

Поразите и лошата игра го активираа алармот на „Енфилд“ па и покрај рекордната потрошена сума, англискиот гигант нема да штеди финансии и оваа зима. Напротив, во јануарскиот преоден рок се очекуваат уште две нови ѕвездени засилувања.

Станува збор за докажани фудбалери во Премиерлигата, Марк Геи кои беше трансфер цел и во летото, но неговиот трансфер пропадна во последен час и Антоан Семенјо на кој се гледа како идеално решение за крилната позиција.

Геи има уште помалку од година од договорот со Палас и се очекува неговата вредност во јануари да не биде повисока од 15 милиони фунти, додека Семенјо во договорот со Борнмут има клаузула за откуп од 60 милиони што Ливерпул е подготвен да ја активира.

Се вчитува...