На СП во Франција во функција новиот систем за видео-контрола

На претстојното Светско ракометно првенство во Франција за прв пат во историјата на меѓународните ракометни натпревари во машка конкуренција, во функција ќе биде специјалниот систем за видео-контрола (ВПС). Системот ќе биде достапен во сите осум сали во кои ќе се играат натпреварите на СП и ќе им биде на располагање на судиите и на официјалните лица на ИХФ во одредени специфични ситуации.

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги утврди условите во кои ќе се користи видео-контрола за време на СП 2017. Овој систем веќе беше во употреба на ЕП 2016 во женска конкуренција што се одржа минатиот месец во Шведска.

Право да го користат системот за видео-контрола ќе имаат само судиите и официјалните лица на ИХФ и тоа точно одредено во кои спорни ситуации.

Така, со помош на видео-контролата ќе може да се уитврди дали е гол или не во два случаи: за да се утврди дали топката комплетно ја поминала гол линијата и за да се утврди времето истекло пред или откако топката ја поминала гол-линијата. И во двата случаи конечната одлука ја носат судиите.

Судиите и официјалните лица на ИХФ исто така ќе може да го користат ВПС системот во ситуации кога има сериозни неспортски потези  надвор од видикот на судиите од играчи без топка или во случај кога судиите ќе покажатѕ црвен картин на погрешен играч. И во оваа ситуација последниот збор ќе го имаат судиите.

Официјалните лица на ИХФ може да побараат видео –контрола во случај на погрешна измена на играчи која не е јасно регистрирана од записничката маса.

А само судиите може да побараат употреба на ВПС во ситуација кога има судир и конфронтација на двајца или повеќе играчи и кога судиите се во дилема дали треба да покажат црвен (дисквалификација) или син картон (дисквалификација со дисциплинска процедура) или да одлучат за примена на правилото за последните 30 секунди кога секој неспортски потег се казнува со црвен картон и досуден седмерец.

Се вчитува...