Кошаркарите на ТФТ Скопје останаа на две победи во АБА2 лигата откако во 9. коло загубија од Широки Брег убедливо со 81-58.
ТФТ одигра одлично прво полувреме во кое низ максимален ритам одржуваше предност против тимот од БиХ, па по првите две четвртини скопјани завршија со четири поени предност (37-41).
Меѓутоа, пресуди катастрофалната игра во третата четвртина која Широки Брег ја доби со 22-4. До крајот само рутински ја одржуваа предноста противниците за конечен триумф од 81-58.
Најефикасен во македонскиот состав беше Костоски со 14 поени, а Бишоп и Андерсон запишаа по 10 поени. Во победничкиот тим убедливо најдобар беше Емануел Литл со „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и 14 скока. Амир Најт мечот го заврши со 19 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА