На „Тодор Проески“ играа и тупаници – но, на крај бодовите ги бројат само кумановци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Максимално борбен, жесток натпревар одиграа Работнички и Башкими на националната арена „Тодор Проески“ во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во жестината на фудбалската игра, „играа и тупаници“ на арената, но очекувано никој и не ги брои меѓусебните удари на фудбалерите на двата тима. На крај единствено се бројат головите. А, тие беа на страната на кумановци кои сосема заслужено ги однесоа трите бода.

Работнички, пак, и натаму продолжува со летната серија без постигнат гол на официјалните натпревари. Во четири официјални меча составот на Бојан Марковски не знае за постигнат погодок…

 

 

Се вчитува...