На традиционалниот „Осиек куп“во мечување први места за Бундалески и Дамјаноски

Во Осиек во Хрватска, се одржа традиционалниот 8ми „Осиек куп„ на кој настапија околу 500 мечувалци од 21 држави од целиот свет.

Во кадетска конкуренција титулата освоена минатата година, ја одбрани Огнен Бундалески. Во оваа категорија настапија 70 мечувалци.

Во јуниорска конкуренција, во финалето се сретнаа Петар Дамјаноски и Американецот Џејмс Ејот, кој веќе две години живее во Скопје каде тренира и настапува за Мечувалечкиот клуб Борец од Скопје. Во неизвесна борба, титулата му припадна на Петар Дамјаноски.

Кај девојките, Неда Коцевска го освои шестото, а Искра Дамјаноска седмото место. Огнен Бундалески настапи и во сениорска конкуренција и го освои одличното петто место.

„Во последниве неколку години нашите мечувалци во дисциплината меч доминираат во регионот. Признанија и искрени честитки за испешна работа и добри резултати добиваме од сите соседни мечувалечки федерации“, изјави претседателот на Мечувалечката федерација на Македонија Зоран Стојановиќ.

М.М.

Се вчитува...