Главните ѕвезди на 60-от Супербол синоќа не беа само Сиетл Сихокс, кои на крајот ја освоија титулата, туку и музичарите кои ја одбележаа вечерта во Санта Клара. Од церемонијата на отворање до полувремето, сè беше подредено на спектакл кој носеше јасна порака.
Централна фигура на вечерта беше Бед Бани, кој имаше чест да настапи на полувремето. 31-годишниот Порториканец приреди 13-минутно шоу кое изгледаше како патување низ историјата, културата и идентитетот на својот народ.
Тој ги донесе Лејди Гага и Рики Мартин на сцената, но и симболично – целиот Порторико. Сценографијата беше исполнета со полиња со шеќерна трска, земјоделци со сламени шапки, старци кои играат домино и сцени од секојдневниот живот, далеку од гламурот на Холивуд.
Од стартот на настапот беше јасно дека ова нема да биде класично шоу на Супербоул.
Една од ретките реченици изговорени на англиски јазик беше „Господ да ја благослови Америка!“, но сè друго припаѓаше на шпанскиот јазик и латино идентитетот. Бед Бани потоа ги наведе земјите од Северна, Централна и Јужна Америка – од Уругвај и Колумбија до САД и Канада – додека речното знаме минуваше низ парадата.
На самиот крај порача: „Моја татковина Порторико, ние сме сè уште тука“. Порака која, во контекст на американската политика, ставовите кон мигрантите и постапките на Имиграционата полиција на САД, за многумина звучеше како отворен отпор.
Следеше вистинска мала парада на познати личности. Карди Би, Џесика Алба и Педро Паскал, а шоуто ескалираше уште повеќе кога сценографијата се претвори во свадба.
🚨 WILD: Fans shut down Bad Bunny’s Super Bowl set with BOOS, total rejection. pic.twitter.com/nPSTuaC9Ij
All that hype for nothing.
Kid Rock would’ve brought the house down.— Luca Taner (@LucaTaner) February 9, 2026
И, додека милиони гледачи славеа, веднаш реакција од Белата куќа. Доналд Трамп се огласи преку социјалните мрежи нарекувајќи го музичкото шоу како „апсолутно ужасно, едно од најлошите досега“.
Многумина ја поврзаа неговата реакција токму со политичката порака на изведбата, која, преку прославата на латиноамериканскиот идентитет и Порторико, индиректно ја нападна политиката на репресија против мигрантите, особено во контекст на операциите на Имиграционата полиција.
‘MAKES NO SENSE’: President Trump issues a scathing statement about Bad Bunny’s Super Bowl LX halftime show, calling it “absolutely terrible” and “one of the worst ever,” while criticizing the performance as unrepresentative of American values. pic.twitter.com/Ouv3Ie5wUk
— Fox News (@FoxNews) February 9, 2026
На трибините на годинашниот Супербол беа и Џастин Бибер, Хејли Бибер, Адам Сандлер, Тревис Скот и Џеј Зи со ќерките Блу Ајви и Руми Картер, додека теренот беше полн со симболи и пораки.
Суперболот уште еднаш покажа дека музиката, спортот и политиката во Америка никогаш не одат одделно.
И Бед Бани, без разлика дали некому му се допаѓа или не, ја искористи најголемата сцена за да стави до знаење – кој е и од каде доаѓа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

