На трибини само „Комити“ и раководствата, Вардар како и да е го „полни“ бодовното салдо (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Вардар ја нанижаа и третата едноподруго победа во шампионатот, по лошиот старт во првите две кола од сезоната.

Па, сега „црвено-црните“ се вратија во победничкиот ритам и покрај бледото одиграно прво полувреме на денешниот дуел против Струга Трим Лум. Сепак, одлично второ полувреме за заслужен триумф од 3-0. А, победата на „вардарци“ пред вообичаено повеќе од скромен број навивачите на трибините. Единствено „Комитите“ и раководствата на двата клуба, кои седат кој кај стигне, како сведоци на домашниот фудбал… Како и да е, фудбалерите на Вардар продолжуваат да го полнат бодовното салдо на радост на оние најверните свои навивачи…

 

 

Се вчитува...