Извонреден потег за паметење на вчерашната трка на 5.000 метри на Европското екипно првенство – Ц дивизија во Полска, на кое настапи и атлетската репрезентација на Македонија.
Токму трката на 5.000 метри, на која настапи и најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, се одржа во пеколни услови точно на пладне под навистина невозможни околности за натпревар. Сето тоа резултираше со времиња далеку послаби од пријавените кај сите атлетичари. Па, и Ивановски трчајќи далеку под своето најдобро време, под такви пеколни услови, заврши на 6. место.
Но, дефинитивно херој на трката е хрватскиот атлетичар Дино Бошњак кој покажа невидено ниво на спортски фер-плеј.
Бошњак во финишот на трката виде дека словенечкиот атлетичар Вид Ботолин, кој инаку е балкански шампион на 3.000 метри, колабира на жешкото време. Па, не сакајќи само да помине покрај него пријде до Ботолин и му помогна да ја заврши трката да мине на целта, а Бошњак заврши на последната позиција…
Competitors, but in the end we’re humans!
Beautiful display of sportsmanship between Dino Bošnjak 🇭🇷 and Vid Botolin 🇸🇮 at the European Team Championships.pic.twitter.com/fw209sEVyk
— Oluwadare (@Track_Gazette) June 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА