УЕФА би можела да го разгледува сценариото за само по еден натпревар во нокаут-фазата и во следните сезони. Суспензијата на фудбалот на меѓународно ниво предизвика УЕФА да мора да направи скратен распоред за ЛШ и тоа како завршен турнир во еден град. Претседателот на асоцијацијата, Александер Чеферин вели дека принудното решение сега им изгледа многу добро.
„Бевме принудени да го направиме ова, но на крајот откривме дека е нешто ново и ќе размислиме за концептот во иднина. Но, треба да имаме предвид дека со овој ситем би имале помалку натпревари и со тоа би биле оштетени ТВ партнерите“ – изјави Чеферин по финалниот дуел во кој Баерн Минхен го победи Пари Сен Жеремен и ја освои шестата европска титула.
Во двете натпреварувања на УЕФА сезоната заврши со турнир во еден град во кој имаше само по еден дуел од нокаут фазата. Сепак, промената на форматот не би можела да биде направена до сезоната 2024/25. Се очекува преговорите за промени да почанат кон крајот од оваа година и би биле направени за натпреварувачки циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА