На Уругвај му се заканува казна: Еден фудбалер удрил директор на ФИФА, друг го искрши ВАР мониторот

На уругвајскиот фудбалер Хозе Марија Хименез му се заканува казна од 15 натпревари, откако се појави снимка на која со лакотот удрил директор на ФИФА за натпреварување после натпреварот со Гана во третото коло во групата Х на Мундијалот во Катар.

И покрај победата, Уругвај не успеа да помине во следната фаза, а после мечот уругвајските фудбалери бараа пенал од судијата и тргнаа да се пресметуваат со него.

Уругвајците полудеа на арбитарот Даниел Зиберт кого го следеа се до излегувањето од теренот. Хименез во еден миг со лакот го удира претставникот на ФИФА, па така може да добие жестока казна.

Исто така Едисон Кавани го сруши мониторот на ВАР, со што и тој може да добие казна.

Се вчитува...