Олександр Усик изминавата ноќ на „Вембли“ во Лондон со нокаут во петтата рунда и по вторпат стана апсолутен светски шампион во тешка категорија. Доминацијата на Олександр Усик во светот на боксот продолжи откако 38-годишниот Украинец повторно го победи Даниел Дубоа среде Лондон и стана апсолутен шампион во тешка категорија.
Усик му предизвика огромни проблеми на Дубоа со директни удари, Британецот чекаше на тој удар што ќе го потресе противникот, но повторно тој беше оној што добиваше жестоки директни удар низ првите три рунди.
Усик продолжува да доминира во борбата, а во петтата рунда Дубоа заврши на подот во една размена на удари. Олександр Усик е вистински волшебник во боксот. Дефинитивно е еден од најголемите на сите времиња.
WHAT A SHOT FROM USYK pic.twitter.com/aH4Wi6MkLh
— Insane Graphics (@insanegraphic) July 19, 2025
Украинецот сега има резултат од 24-0. Претходно, тој беше и апсолутен шампион во категоријата крузер, а сега е двократен апсолутен шампион во тешка категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

