На Ванда и покажаа снимка од Икарди со три жени, нејзината реакција е вистински хит

Мауро Икарди и Ванда Нара се смирија пред кратко време, но нивниот брак одвреме-навреме добива нови удари. Последното од серијата се случи во четвртокот, кога во јавноста протекоа фотографии од Мауро Икарди со три жени во ноќен клуб во Истанбул.

Аргентинските медиуми ја претворија во приказна за ново неверство и проблем во бракот. Поради оваа причина ја повикале Ванда, која ги шокирала со својот одговор.

„Сите ги познавам. Тие се сопруги на фудбалери. Не знам каде води важното прашање, но јас сум многу традиционална жена. Мауро е човекот на мојот живот, тој е моето семејство. Икарди е мојот сопруг и заедно сме. Така ќе ми биде цел живот. Се заљуби во една нормална девојка, онаа која носи пижами, подготвува тестенини со пармезан и путер“, изјави Ванда.

 

 

Се вчитува...