Веспрем конечно ја надмина резултатската криза и по заминувањето на Врањеш од клупата успеа да стигне до втората победа во ЛШ, и тоа на жешкиот терен во Белорусија против Брест Мешков, триумфирајќи со 28-29. Во текот на сите 60 минути се водеше неизвесна битка, ниту еден од тимовите не успеа посериозно да се одлепи на резултатси план, за Дејан Манасков и соиграчите сепак на крајот да стигнат до минимална победа. Македонскиот ракометар немаше позначајна минутажа, а најефикасен беше токму Штрлек (шест гола), кој настапува на иста позиција со Манасков, пред Нилсон и Илиќ со по пет погодоци.
Миклер беше херојот на унгарскиот гигант, бранејќи пенал во самиот финиш за Веспрем да ја задржи минималната предност до последниот свиреж на сирената.
Немања Прибак одигра одличен натпревар, но не можеше да го спречи поразот на Бешикташ, претрпен на домашен терен од Спортинг со убедливи 23-30. Португалците доминираа од почеток до крај и заслужено славеа, а Прибак со шест гола беше меѓу ретките располжени за игра во таборот на турскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА