На Вимблдон, собирачите на топчиња се „истренирани“ за суеверните ритуали на Надал

Рафаел Надал 18-те грен-слем титули и 82-та АТП трофеи ги освои строго практицирајќи ги суеверните ритуали буквално на секој меч. Тој ја соблекува горната тренерка секогаш свртен кон пубиката, двете шишенца со вода ги реди едно покрај друго со етикетите секогаш свртени кон теренот.

Пред сервис допира седум делови од телото, задникот, рамената, носот и ушите. На втор сервис не ги допира раментата. Кога тргнува кон столчето тоа секогаш го прави со десната нога.

На Вимблдон каде што Шпанецот има две титули строго внимаваат да не му го нарушот овој ексцентричен начин на однесување, па затоа дури и момчињата и девојчињата кои ги собираат топките не само што се навикнати на ова туку дури и имаат посебен тренинг специјано за мечевите на Надал.

На голем дел од неговите противници им пречи ваквото однесување, но ретки се тие што реагираат. Тоа го прави контроверзниот Ник Кирјос. Тој во дуелот со Надал во второто коло се расправаше со судијата на оваа тема.

„Предупредете го. Ви требаат 20 години, на сите вас, за да му кажете“ – викаше Австралиецот алудирајќи на предогото време што го одзема Надал пред секој сервис.

Рафа Надал денеска се среќава со Португалецот Жоао Соуса на патот кон потенцијалното полуфинале со Роџер Федерер. Со Новак Ѓоковиќ би се сретнал евентуално во дуелот за титулата.

Се вчитува...