Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се делегирани да го судат дербито на денот на Светското првенство во Шведска и Полска во кое ќе се соочаат репрезентациите на Унгарија и Португалија.
Овој двобој ќе биде решавачки за првото место во групата Д. Ако Унгарија победи сигурно е првопласирана, а доколку до триумф стигнат Португалците ќе се направи круг од три селекции меѓу кои ќе биде и Исланд.
Натпреварот е закажан со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА