Начевски и Николов денеска со нова задача на Светското првенство

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе го имаат својот втор натпревар на Светското првенство 2025.

Откако претходно ја делеа правдата на натпреварот меѓу Германија и Полска, денеска од 18 часот ќе го судат африканското дерби меѓу Тунис и Алжир кое ќе одлучува за пласман во втората фаза од шампионатот.

Тоа ќе биде директна битка меѓу двете африкански земји за продолжување на Светското првенство откако во првите две кола и двете селекции загубија од Данска и Италија.

Се вчитува...