Начевски и Николов главни арбитри на одлучувачкиот меч меѓу Хрватска и Катар

Најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат на центарот на одлучувачкиот натпревар од Ц групата меѓу Хрватска и Kатар.

Катарците одлично го почнаа шампионатот со триумфи против Ангола и Јапонија, додека Хрватите по киксот со Јапонците и освојувањето на само бод, едноставно мора да одат на победа на мечот од последното коло доколку сакаат да се вмешаат во борба за четвртфиналето на шампионатот.

Натпреварот меѓу Хрватска и Катар е закажан за 18 часот.

Се вчитува...