Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Германија и Унгарија, кој е на програмата денеска со почеток во 17.45 часот.
Ова е натпреварот на денот во Групата Ц во Руен, на третиот ден од Светското првенство во Франција. Во оваа група денеска се играат и дуелите Белорусија – Чиле (14.00 ч.) и Хрватска – Саудиска Арабија (20.45 ч.).
Денеска се играат и првите три натпревари во Групата Д во Париз: Катар – Египет (14 ч.), Шведска – Бахреин (17.45 ч.) и Данска – Аргентина (20.45 ч.).
Во Групата А во Нант на програмата е само првиот дуел од 2.коло меѓу Јапонија и Франција. Другите четири репрезентации од оваа група, натпреварите од 2.коло ќе ги одиграат утре.
Слободен ден денеска е и за репрезентациите од нашата Група Б во Мец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА