ЕКИПА во Келн,Стеван Цаневски, Игор ПаневскиНајдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ја бранеа честа на македонскиот ракомет во првото полуфинале на годинашниот Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн. Македонските судии авторитетно го завршија својот дел од работата во првиот дуел од завршниот турнир во ЛШ уште еднаш потврдувајќи го својот квалитет и своето реноме во европскиот ракометВо извонредната ракометна претстава на отворањето на Ф4, ПСЖ слевеше против Веспрем со 27-26 и стигна до своето прво финале во Лигата на шампионите. Во борбата за шампионскиот пехар во ЛШ, францускиот тим го чека победникот од второто полуфинале меѓу Вардар и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА