Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по одличната арбитража на досегашните натпревари од ЕП 2020 добија нова задача.
Македонците од Шведска допатуваа во Австрија, каде вечерва ќе го судат „мечот на денот“ меѓу домашната селекција и репрезентацијата на Германија. Станува збор за ривали кои немаат шанси за влез во полуфиналето, но мечот е од огромно значење за Австријците во обид да обезбедат место на олимписките квалификации.
Мечот од 16 часот меѓу Чешка и Хрватска ќе го водат Куртагиќ и Ветервик од Шведска, додека правдата на дуелот Белорусија – Шпанија ќе ја делат Португалците Сантош и Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА