Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, го стартуваат настапот на ЕВРО 2020. Откако го „прескокнаа“ првото коло, делегирани се денеска да го судат натпреварот меѓу Русија и Исланд.
Исланѓаните во првото коло ја шокираа Данска, а Русите загубија од Унгарија што значи дека денеска имаат огромен императив за триумф.
Со пораз, Русите ќе им се приклучат на селекциите што си одат дома по првата фаза. Засега тоа се Франција, Србија, Летонија, Полска и БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА