Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска за првпат ќе бидат на центарот на натпревар од Светското првенство во Египет. Двојката Начевски/Николов е делегирана да го суди натпреварот меѓу репрезентациите на Полска и Тунис.
Тоа е меч од првото коло во групата Б кој ќе се игра во Њу Капитол во 20:30 часот. Македонија вчера го отвори настапот на првенството со убедлив пораз од репрезентацијата на Шведска. Утре не очекува вториот натпревар против домаќинот Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА