Начевски и Николов ќе го судат супер дербито меѓу Кил и ПСЖ

Европската ракометна федерација и додели ново признание на најдобрата македонска судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, откако се најдоа на списокот на арбитри делегирани за четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.

Кил и ПСЖ денеска ќе играат во Париз, а „главни“ на реваншот во „Вундерино Арена“ ќе бидат токму Николов и Начевски.

Овој двобој е закажан на програмта на 19 мај со почеток во 20.45 часот.

 

Се вчитува...