Најдобрата македонска судиска двојка и веројатно едни од најдобрите изминатата деценија во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски успеаја да ја крунисаат својата кариера со единственото финале кое што им недостасуваше.
Европската ракометна федерација се одлучи токму македонската двојка да биде на центарот во финалето на Ф4 турнирот во годинашното издание во Лигата на шампионите.
Ова беше единствено финале кое им недостигаше во кариерата бидејќи тие беа на центарот на финалните мечеви на Европските првенства, светските првенства и олимписките игри. Ова лето Начевски и Николов ќе бидат дел и од ЛОИ во Париз.
На завршниот турнир во Лигата на шампионите оваа сезона во „Ланксес Арена“ на 8. и 9. јуни ќе играат Кил, Магдебург, Алборг и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА