Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, и оваа година ќе бидат дел од најсилниот светски клупски ракометен собир, Фајнлфор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн.
Како што соопшти ЕХФ, Начевски и Николов се делегирани да ја делат правдата во полуфиналето од ЛШ во „Ланксес Арената“ во Келн меѓу Барселона и Магдебург, само како уште една потврда на високиот рејтинг кој го уживаат во ЕХФ.
Годинашниот Ф4 од Лигата на шампионите во Келн ќе се одржи од 12 до 14 јуни. Во второто полуфинале ќе се сретнат Нант и Фуксе Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

