Начевски и Николов ќе судат на СП

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија ново големо признание од Светската ракометна федерација откако се најдоа меѓу 24 судиски парови кои ќе ја делат правдата на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е јасно дел од ова одбрано друштво, во кое има многу нови имиња. Докажаниот квалитет и акумулираното искуство се гаранција дека нашите судии ќе ги гледаме до самата завршница како и на сите големи натпреварувања претходните десет години.

Македонските судии повторно се меѓу фаворитите за делење на правдата на некој од мечевите за медал.

Се вчитува...