Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел и од завршниот викенд од ЕП 2022. За разлика од последното ЕП на кое одлично го судеа финалето меѓу Шпанија и Хрватска, македонските арбитри овојпат ќе бидат задолжени за полуфинална пресметка, и тоа онаа првата што ќе биде на утрешната програма со почеток во 18 часот, а во која силите ќе ги одмерат Шпанија и Данска.
Ова ќе биде и последен меч за Начевски и Николов на овој шампионат, со оглед на фактот дека се делегирани судиите до крајот на ЕП 2022.
Така, за делење на правдата на второто полуфинале меѓу Франција и Шведска задолжени ќе бидат Словенците Сок и Лах, додека честа да бидат судии на големото финале на овој шампионат им припадна на германските арбитри Роберт Шулце и Тобијас Тониес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА