Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за натпреварите на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите на 3 и 4 јуни во Келн. Меѓу судиските двојки делегирани за завршницата во ЛШ се надоа и Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Најдобрата македонска судиска двојка ќе ја дели правдата на полуфиналето меѓу Веспрем и ПСЖ.
Второто полуфинале во кое Вардар ќе игра против Барселона го доби чешката судиска двојка Вацлав Хорачек и Јири Новотни.
Мечот за 3.место ќе го судат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, а за годинашното финале на Ф4 во Келн делегирани се германските судии Ларс Геjпел и Маркус Хелбиг.
По успешната премиера на минатиот Ф4, и годинава судиите ќе бидат опремени со специјални камери кои нудат уникатна перспектива за гледачите на телевизиските преноси од натпреварите на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА