Начевски и Николов на центарот на мечот меѓу ППД Загреб и Пик Сегед

Најдобрата македонска ракометна судиска двојка и една од најдобрите во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат главни арбитри на натпреварот меѓу ППД Загреб и Пик Сегед во 9. коло од Лигата на шампионите.

На претходното соочување на двете екипи во Унгарија, ПИК Сегед едвај го победи Загреб со гол разлика во финишот, па сигурно дека и реваншот се очекува да донесе возбудувања.

Натпреварот е на програмата на 29. ноември со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...