Начевски – Николов со нов натпревар на ЕП 2020

Најдобрата македонска судиска двајца, Славе Николов – Ѓорѓи Начевски денеска ќе има нов ангажман на ЕП 2020, откако нашите арбитри беа избрани да ја делат правдата на дуелот меѓу Словенија и Исланд.

Словенците одиграа извонредно во првата фаза, додека Исланд по катастрофалното второ полувреме со Унгарија не пренесе бодови во главната рунда. Овој натпревар на програмата е во 16 часот.

Вториот дуел на денешната програма, оној меѓу Норвешка и Унгарија, ќе го судат Црногорците Павичевиќ – Ражнатовиќ, додека за делење на правдата на дуелот Португалија – Шведска задолжени ќе бидат Губица и Милошевиќ од Хрватска.

Се вчитува...